Бојата на вашето лице открива дали имате здравствени проблеми

Изгледот на кожата лесно може да открие одредени здравствени проблеми. Бледило, осипот или акните понекогаш може да укажуваат на проблеми со бубрезите, белите дробови или недостатокот на одредени витамини и минерали.

Бледо лице
Бледата кожа се упатува на анемија или недостаток на железо, но исто така може да укаже на нарушено здравје на белите дробови и бронхите. Ако се сомневате дека имате анемија, направете анализа на крвта и збогатите ја вашата исхрана со зелен зеленчук, риба и витамин Ц. Бледа кожата со сини нијанси околу носот и устата јасно укажува на проблеми со срцето, па затоа е пожелно да ги извршите неопходните кардиолошки прегледи.

Проблем на сувата кожа
Ако вашата кожа е сува и се лупи (се перута), можно е да не внесувате доволно течности. Но, ако забележите мало воспаление на лицето со овие симптоми, може да имате проблеми со бубрежните и органите за излачување. Треба да направите анализа на урината, биохемиска анализа на крвта и ултразвук на карлицата. Лесното лупење (перутање) на кожата на носот може да укаже на недостаток на цинк во телото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто луѓето ги оставаат партнерите кои ги сакаат?

Најтежок дел од секој љубовен однос е раскинувањето, дури ако и сами сте го иницирале …