ЛИГА НА ШАМПИОНИ – Сите си отишле од Етихад, а на теренот останале само Пеп и Зидан

МАНЧЕСТЕР СИТИ влезе во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако во реванш мечот го совлада Реал Мадрид со 2-1 пред празните трибини на стадионот „Етихад“, со истиот резултат што го имаа и на првиот натпревар одигран пред пет месеци во Шпанија.
Манчестер Сити дојде во водството во 9-та минута со голот на Рахем Стерлинг по голема грешка на дефанзивецот на Реал, Рафаел Варан. Мадрид изедначи во 28. минута, а стрелец беше Карим Бензема. По новата грешка на Варан, Манчестер Сити повторно дојде до водство од 2:1 во 68-та минута, а стрелец беше Бразилецот Габриел Јесус.
Манчестер Сити ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Лион, кој изненадувачки го нокаутираше Јувентус. Дуелот е закажан за сабота, 15 август (21 часот), а ќе се одигра на стадионот „Хозе Алвалад“ во Лисабон, каде Спортинг ги игра своите домашни натпревари.
По натпреварот, камерите на празниот градски стадион ги фатија тренерите на Реал и Сити, Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола, како пријатно разговараат неколку минути на теренот покрај аут-линијата.
Двете фудбалски легенди кои имаат пет Лига на шампиони заедно како тренери разговарале додека сите играчи веќе ја напуштија тревата на Етихад.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон во Сочи до 100 -та победа, Норис се коцкаше со дождот

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше во трката за Големата награда на Русија. Британецот во …