(ФОТО) Оваа улога ја прославила а сега порачува:„Тука сум за пари!“

Последните 15. години ја гледавме на ТВ, а сега открила зошто останала таму цело време. Актерката Елен Помпео, која стана позната во улогата на Меридит Греј во серијалот „Вовед во анатомија“, сега објасни дека не градела кариера во други продукции затоа што таа серија била нејзиниот приоритет – заради парите.
Во ново интервју, 50-годишната Елен Помпео отворено проговорила за нејзината одлука да се држи до шоуто, истакнувајќи колку е важно за неа да обезбеди финансиски средства за своето семејство.


Sвездата, која има три деца со сопругот Крис Ајвори – откри во разговорот во 2018 година дека преговарала за годишна плата од дури 20. милиони долари, што ја направило една од најплатените актерки на телевизија.
„Решив да останам во серија“, објаснила таа на еден подкаст.
„Ја започнав кариерата доцна, започнав во „Вовед во анатомија“ кога имав 33. години. Да бев помлада, сигурно ќе ја завршев серијата до сега. Но, решив дека сакавм да заработам пари“, рекла Елен.


Актерката исто така признала дека првата деценија работење на серијалот била исклучително тешка за неа и дека сакала да се откаже од легендарната улога, но дека тогаш семејството пораснало.


“Кога имате деца, вие веќе не сте најважни. Останав во серијалот заради пари и моите деца”, рекла Елен.

View this post on Instagram

IT'S GREY'S DAY!!! #GreysAnatomy

A post shared by Grey's Anatomy Official (@greysabc) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на …