ФОРМУЛА 1- За Ботас пол позицијата во Силверстон

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботис, ја освои пол позицијата во трката за Големата награда на Велика Британија, што ќе се вози утре на патеката Силверстон, за 70-годишнината од Формула 1.
Финецот стигна до својата 13-та најдобра стартна позиција во кариерата во време од 1:25.154 минути, со 63 илјадитинки предност во однос на неговиот тимски колега Луис Хамилтон.
Возачот на Рејсинг Поинт, Нико Хулкенберг го зазеде третото место, додека Макс Верстапен од Ред Бул ќе стартува од четвртата позиција.
Од етото до осмото место се позиционирани Даниел Рикиардо од Рено, Ленс Строл од Рејсинг Поинт, Пјер Гасли од Алфа Таури и Чарлс Леклерк од Ферари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познат спортист на плажа разменувал жешки бакнежи со дечкото

Ѕвездата на НФЛ, спортистот Рајан Расел бил фотографирана со своето момче, танчерот Кори О’Брајан во …