Медицински техничар од Шведска во поддршка на колегите на Инфективна клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид19.


Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопи во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренесе своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнаа да се вклучи во работните процеси.

„Незимерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина.” – изјавуваат од клиниката.

Неговиот работен ангажман ќе трае еден месец. За целиот овој период тој ќе работи на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со Ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за МЗ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска во Македонија се регистрирани 1085. нови случаи на Ковид 19: Починати се 12. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани …