Диета Ефектно: 5 кг. помалку за седум дена

Оваа диета трае седум дена и се препорачува на оние кои треба да истопат 3 до 5 килограми за кусо време. Не е препорачлива за подолг период бидејќи не е едноставна за држење.Но, доколку стриктно се придржувате кон наведениот план на исхрана за седум дена можете да истопите цели 5 кг.

План на диетата
Прв ден
Појадок: една чаша вода со сок од лимон, 200 – 300 г свежо овошје, во 11
часот – 2 тврдо варени јајца
Ручек: чај од магдонос, 2 тврдо варени јајца, 2 домати и една малечка
краставица
Вечера: 2 тврдо варени јајца и чај од магдонос


Втор ден:
Појадок: една чаша вода со лимон или чај од магдонос, 2 чаши јогурт, во 11
часот се земаат 2 лажички мед
Ручек: 2 чаши јогурт, салата од цвекло или моркови со сечкан свеж магдонос
Вечера: 2 чаши јогурт и чај од магдонос
Трет ден:
Појадок: една чаша вода, чај од магдонос со сок од лимон, во 11 часот се зема
една кришка леб со 1 лажичка мед
Ручек: 2 варени пилешки кремвишли, 2 домати, салата од магдонос
Вечера: 2 варени пилешки кремвишли, чај од магдонос, ½ краставица
Четврти ден:
Појадок: сок од 1 лимон, 1 јаболка, во 11 часот – 1 лажичка мед
Ручек: чај од магдонос, 2 чаши млеко, 50 г варен ориз со моркови, 1 домата
Вечера: 1 чаша млеко, корнфлекс или една лажица варена пченица со 1 лажичка
мед
Петти ден:
Појадок: чаша вода со сок од лимон, 2 варени компири
Ручек: 2 варени компири, салата од зелка со шака свеж сечкан магдонос
Вечера: 2 варени компири, 1 домата
Шести ден:
Појадок: 2 портокали, во 11 часот 1 лажичка мед
Ручек: 2 цитрони или парче лубеница (во зависност од годишното време)
Вечера: 300 г праски или сезонско овошје
Cедми ден:
Појадок: минерална вода или ½ лубеница
Ручек: 2 варени компири
Вечера: минерална вода или чај од магдонос

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МНР ги објави препораките за влез во Грција до 24 мај – Какви се’ документи ќе ви бидат потребни!

МНР информира дека Владата на Хеленската Република, донесе нова заедничка министерска одлука со која од …