Џенифер Греј, партнерката на Патрик Свајзе во романтичната драма „Валкан танц“, ќе се појави во продолжение на класикот од 1987. година, објави филмското студио во петокот.
Греј исто така ќе биде извршен продуцент на филмот, кој ќе го режира Џонатан Левин, изјавил Џон Фелтхајмер, извршен директор на Lions Gate Entertainment Corp.
„Тоа ќе биде романтично носталгичен филм каков што обожавателите чекаа“, додал тој.
Компанијата не објавила детали, вклучително и кога ќе биде премиера.
Греј во оригиналот ја глуми Френсис „Бејб“ Хаусман, тинејџерка фасцинирана од инструкторот за танц на одмор во одморалиште на државата Њујорк во 1960-тите.
Свејзи почина од рак во 2009. година на 57-годишна возраст.
„Валкан танц“ беше хит на киноблагајните и освои Оскар за најдобра оригинална песна I’ve Had The Time of My Life.
Филмот заработи 214. милиони долари ширум светот во 1987. година и стана првиот филм што ја андминал бројката од милион продадени видеокасети.