(ВИДЕО+ФОТО) Има 193 см а се омажила за дечко од 160! Постојано добива БЕЗОБРАЗНИ понуди од мажи, а висината и прави само еден проблем!

Додека Канаѓанката  е висока 193 сантиметри, нејзиниот сопруг нема ниту 160 сантиметри, а фактот што е во брак не спречува многу мажи да и испраќаат секси пораки и имаат разни необични барања.
Емералд Ван Ланген од Торонто отсекогаш сакала да порасне како нејзината сестра која е висока 190 сантиметри. Денес, таа е нутриционист и модел, која во младоста, фасцинирана од својата висина, дури и избегнувала газирани пијалоци, затоа што слушнала дека може да го запре растот.
Кога имала девет години, Емералд забележала дека расте многу побрзо од нејзините пријатели. Денес, на 32. години, таа е висока 193 сантиметри и е благодарна што нејзината висина и овозможила манекенска кариера.

Како и да е, додека растела, открила и некои недостатоци од таа висина – и станувало потешко да пронајдат момче затоа што сите до неа биле многу мали. За среќа, таа отсекогаш сакала пониски партнери, а денес има сопруг висок 160 сантиметри.

„Со сопругот сум веќе 11. години, а пред да се сретнеме, секогаш излегувавсо пониски мажи, дури и оние под просек. Ми се чини дека повеќето мажи се нервираат што сум повисока од нив. Денес, јас сум среќна со мојот сопруг, но тоа не запира многу заводници да ми испраќаат несоодветни пораки, најчесто за тоа како би се „качувале на мене“. Некои ме замолуваат да им испратам слики од себеси како стојам пред вратата или да објавувам изопачени видеа.

Емералд вели дека нејзината висина е прашање на генетика и здрав живот и дека на училиште честопати морала „да се наведнува“ за да се вклопи во кадарот на фотографијата, тоа го прави и денес. Научила да се шегува на своја сметка, а кошаркарските тренери секогаш ја поканувале во нивниот тим.
„Купувањето облека порано ми претставуваше проблем, но не и денес затоа што точно знам каде можам да купам нешто за себе. Исто така, морав да ја преработам мојата венчаница за да ја направам подолга“, вели Емералд, чие најлошо искуство било разгледувањето на станови.

Откако била во неколку станови каде се чувствувала клаустрофобична, научила дека е најдобро да праша – „колку е висок таванот“ на самиот почеток.
Дека нејзината висина навистина изгледа необично, потврдува фактот дека странците често ја запираат и ја прашуваат „колку е висока“. Тоа многу и пречи, затоа што е пристојно прво да започнете разговор, а не да се исчудувате како да е во циркус.
Деновиве, Емералд е претежно зафатена со својата манекенска кариера, иако во минатото често знаела да слушне дека е „премногу висока“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Љубовна приказна каква нема ниту на филм: Шон Конери 45. години сакаше една жена

Во свет каде што односите и браковите се’ потешко се преживуваат, парот кој остана заедно …