(ФОТО) ОСТАНАЛЕ ЦВРСТО НА СВОИТЕ НОЗЕ – 7 измамени славни жени кои се осветиле: Му земала 100. милиони долари и за миг нашла друг!

Добар и успешен живот е најдобрата одмазда после прекинувањето. Овие познати жени им покажале на нивните бивши и сопрузи дека нивната измама не ги скршила и дека можат без нив. Тие признале дека никогаш не се чувствувале толку добро отколку кога ги прекинале токсичните врски.

Џенифер Анистон и Бред Пит


Приказната е добро позната: Бред Пит ја запозна Ангелина Џоли на сетот на нивниот заеднички филм „Г-дин и г-ѓа Смит“, каде што започнаа љубовна врска. И ништо не би било чудно ако не бил во брак со Џенифер Анистон во исто време. Јавната измама делумно го оштети имиџот на холивудските актери кои на крајот се венчаа и станаа родители на шест деца.
Но, тие исто така покажаа дека е многу тешко да се одржи врската која започнува со лаги. Никој не се изненади кога го објавија нивниот развод во септември 2016. година. Во меѓувреме, Џенифер се омажи и се разведе уште еднаш, но исто така изјави дека никој не треба да чувствува жал за неа, затоа што се чувствува (и изгледа) фантастично.

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон


За измамата на Тристан Томпсон се зборува веќе некое време. Првите гласини во јавноста се појавија кон крајот на минатата година, кога неговата девојка Клои Кардашијан беше во деветтиот месец од бременоста. И покрај снимките на кои се гледа кошаркарот како ја изневерува реалната sвезда со две жени, двојката во меѓувреме се помири.
Тристан беше на раѓањето на своето дете и неколку месеци розите цветаа во љбовниот авион со најмалата сестра Кардашијан. Двојката се раздели во октомври минатата година, кога беше јавно откриено дека Тристан повторно ја изневерува Клои со најдобрата пријателка на нејзината сестра – Џордин Вудс.

Елин Нордегрен и Тајгер Вудс


Една од најголемите афери за прељуба во поновата историја се појави на Денот на благодарноста во 2009. година. Тајгер Вудс призна дека спиел со голем број жени додека бил во брак со Елин Нордегрен. Иако беше јавно понижена, шведскиот модел го доби своето задоволство. Не само што светот јавно го осуди славниот голфер, туку и тој мораше да плати огромна сума по разводот. Се претпоставува дека Елин добила повеќе од 100 милиони долари, како и голема месечна алиментација за децата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …