(ФОТО) Ладни, непечени, десерти на Џејми Оливер и Џада де Лаурентис

И врвните готвачи имаат едноставни рецепти за десерти кои ги подготвуваат. Џејми Оливер е звезда на „24kitchen“ додека Џада де Лаурентис своите рецепти ги претставува на Foodnetwork каналот.
За денес избравме два чоколадни, непечени, десерти кои бргу се подготвуваат.
Ладен чоколаден десерт на Џејми Оливер
200 г. бисквити
110 г. сечкани ореви
6 пуслици – искршени
110 г. сечкани ф’стаци
10 глазирани вишни
150 г. несолен путер
1 лажица златен сируп или мед
200 г. црно чоколадо
Подготовка:искршете ги бисквитите на поситни парчиња директно во поголем сад.Додајте ги оревите, ф’стаците, вишните (сечкани) и целуфки. Чоколадото и путерот истопете ги во микро или на пареа – над водена купка. Вмешајте го медот, соединете во хомогена сеса и истурете во садот со
суви состојки. Внимателно измешајте и истурете во долга правоаголна форма покриена (од сите страни) со прозирна фолија. Истурете ја смесата и нежно притиснете па покријте со парчињата фолија. Префрлете во фрижидер или замрзнувач.Откако убаво ќе се стврдне (путерот и чоколадото) извадете од калапот и префрлете на долга чинија. По површината наросете со какао и послужете.

Чоколадна салама Џада де Лаурентис
Потребно е:
100 г. потпечени лешници
100 г. потпечени ореви
кршени бисквити (по потреба)
100 г. путер
250 г. црно чоколадо
1/4 шоља нескафе или филтер-инстант кафе
1 лажица ренадана кора од портокал
1/2 шоља шеќер во прав
Подготовка: путерот и чоколадото истопете ги на водена купка.Кога ќе се истопат додајте го кафето, измешајте во хомогена смеса. Тргнете го садот на страна и додајте ги бисквитите, оревите, лешниците и коричката од портокал. Се’ лесно измешајте.Смесата, покриена со прозирна фолија префрлете ја на час и половина во фрижидер.
На работна површина ставете прозирна фолија и распоредете ја смесата. Со помош на фолијата обликувајте салата, убаво завиткајте и префрлете во фрижидер на уште еден час.
Извадете ја саламата од фрижидер, отстранете ја фолијата и саламата валкајте ја во шеќер во прав, ставен на долга чинија. Убаво извалкајте од сите страни. Со остар нож сечете парчиња дебели 1 см. Можете да послужите веднаш или повторно да вратите во фрижидер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВО БОЛНИЦА ДОШОЛ ПОРАДИ СКРШЕНА РАКА! Му рекле дека му останале уште само 24 ЧАСА ЖИВОТ – Почната БОРБАТА за живот!

Младиот менаџер Џејмс Мекгил имал успешна кариера како еден од сениорите во Гугл кога ја …