Пет зачини кои ќе користат на здравјето на вашиот мозок

Зачините имаат супер моќ. Покрај тоа што даваат вкус и друга димензија на храната, тие се полни со антиоксиданти корисни за функцијата на мозокот, намалување на воспалението и метаболизмот.
„Кога тие се дел од избалансирана диета, зачините придонесуваат за здравјето“, вели диететичарката Кејт Савел.
Клучно е да ги користите често и во соодветни количини.
„Може да се додадат скоро во секое јадење. Бидете креативни“, советува таа.
Пет зачини се особено корисни за здравјето на мозокот, а тоа се ѓумбир, кардамон, куркума, цимет и каранфилче.


Ѓумбирот е полн со стотици фитохемикалии, вклучувајќи бета-каротин, капсаицин, кофеинска киселина, куркумин и салицилати, и има заштитен ефект против стресот и падот на функцијата на мозокот. Може да се додаде во помфрит, пијалаци, сокови и маринади или да се пие чај од ѓумбир.


Кардамонот главно се користи во индиската и блискоисточните кујни и е моќен антиоксиданс полн со витамини и минерали. Заштитува од оксидативен стрес, за кој е познато дека доведува до деменција, како и воспаление. Тој е идеален додаток на варени јадења, кари и чорби.


Куркума содржи куркумин, антиоксиданс одговорен за жолтата боја, која е исто така позната како моќна алатка во борбата против Алцхајмеровата болест. Некои истражувања покажаа дека може да ја намали болката, како и дека има позитивен ефект врз артритис, варење и спречување на карцином. Додадете го во кари, јадења со ориз и пијалаци.


Циметот исто така има моќни антиоксиданти кои имаат корисен ефект врз здравјето на мозокот. Освен што некои го додаваат на кафето, добро оди и со каши, пијалаци, житарки и колачи.


Каранфилчето е изненадувачки извор на хранливи материи за зајакнување на мозокот. Содржи манган и соединението наречено еугенол, кое се смета за пет пати поефикасно од витаминот Е. Се користи за зачинување на кари, десерти или јадења од свинско месо и мисирка.
Зачинетата храна има корисен ефект врз вашето тело на многу начини. Го штити срцето, го зголемува животниот век и го подобрува метаболизмот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто луѓето ги оставаат партнерите кои ги сакаат?

Најтежок дел од секој љубовен однос е раскинувањето, дури ако и сами сте го иницирале …