ОФИЦИЈАЛНО – Барселона го довела „чудото од дете“ од Бразил: Откупната клаузула е 300. милиони евра

Екипата на Барселона го довела 19-годишниот фудбалер,„чудо од дете“ Густаво Маија за 4,5 милиони евра од Сао Паоло, и иако овој играч нема одиграно ниту еден сениорски натпревар во кариерата, неговата откупна клаузула е 300. милиони евра.
Маија е играч од средниот ред кој игра на левото крило, повеќе ја користи со десната нога, а најдобрата сезона му била во 2018. година кога постигнал 30. голови на 36. настапи за јуниорскиот тим на Сао Паоло.

Тој играл и за кадетската репрезентација на Бразил, а според првите најави прво ќе го засили тимот на Барселона Б и преку играње за нив ќе бара начин за првиот тим.
Според шпанските медиуми, Барселона платила еден милион евра на бразилскиот клуб во март годинава за правото да го купат играчот, а сега ги доплатиле преостанатите 3,5 милиони евра.
Густаво Маија со Барселона потпишал петгодишен договор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Папагал среде натпревар слетал на глава на играчица и направил хаос

За време на фудбалски натпревар во Бразил, играчиците ги посетил неочекуван гостин. Станувало збор за …