ГОЛЕМИ ЗАСИЛУВАЊА – Пеколниот план на Гвардиола од 330. милиони евра: „Сити“ довел двајца, бараат уште четири играчи!

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола сака да донесе уште четири играчи во Манчестер Сити до почетокот на новата сезона во Премиер лигата, која е закажана за 12. септември, пишува Sky Sports.
Граѓаните официјално го потврдија трансферот на Нејтан Аке од Борнмаут за 45. милиони евра, а го обезбедиле и потписот на играчот на Валенсија, Феран Торес, кој пристигна во клубот за 23. милиони евра.
Сепак, тоа не е се кога станува збор за трансферите на Манчестер Сити во овој преоден рок, а според „Скај Спортс“, Гвардиола ќе се потруди да го донесе стоперот на Наполи, Калиду Коулибали, за кого се уште не испратиле официјална понуда.
Исто така, Манчестер Сити ќе бара долгорочни замени за Серхио Агуеро и Давид Силва, а според пишувањето на The Athletica, тие сакаат да ги видат во своите редови Жоао Феликс и Лаутар Мартинез од Интер. Португалецот во трансфер вреден 120 милиони евра минатата сезона пристигнал од Бенфика во Мадрид, додека Лаутар покрај Сити е мета и на Барселона.


Гвардиола исто така побара од водачот на клубот да потпише уште еден лев бек, но споменатите извори не наведуваат кои играчи се поврзани со трансферот во Манчестер Сити.
Во секој случај, Манчестер Сити донел одлука да вложи големи суми пари пред новата сезона за да го отстрани Ливерпул од тронот на Англија, а се наведува дека тие би можеле да потрошат дури 330 милиони евра до крајот на овој преоден рок, сметајќи ги и 65-те милиони што веќе ги потрошиле на Аке и Торес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ФОРМУЛА 1 – Шумахер од Швајцарија го преселиле на Мајорка:„Михаел комуницира само со очи!“

МИХАЕЛ Шумахер повеќе не се опоравува во Швајцарија, туку во Мајорка. Неговата сопруга Корина таму …