Во НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп –  Изложба „Ликовни предели“ на Драган Најденовски

На 7 Август /петок/ од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на слики „Ликовните предели“ од уметникот Драган Најденовски.                                                                

Симболична е модерната ликовна уметност. Мошне симболична. Малку подалеку е од традиционалната, од напукнатото минато дека треба да се создава по некои шеми, што некој ум си ги зацртал во својата глава. Тоа кажува дека изразната снага на модерното, можеби е посилна и од времето кое носи свои вредности: Факел што ја осветлува страшната ноќ полна со кошмари на некои што замислиле дека ликовното дело мора да се врти во нивната Гутенберговска галаксија.

И токму тоа сакам да го истакнам и потенцирам, дека познатиот македонски и битолски ликовен уметник Драган Најденовски,  со својот долгогодишен труд и сублимантен ликовен талент се избори за свој и своевиден творечки стил во своето ликовно творештво на нашите простори а со тоа и да се отргне од од таа, некаква, наша Гутенберговска галксија на некаква си врамена шаблонска традиција и да создаде своја специфична и препознатлива нова и модерна галаксија, во која, неговите слики сјаат со посебни нијанси и колорит кој пленува со својата убавина и складност. Со своите најнови ликовни дела работени во масло на платно, молив на хартија, пастели  или оние маслени пастели комбинирани со молив на хартија, од неговиот циклус од „Ливадата на музите“, во неговите „Предели“ создава нешто исклучително уметнички вредно, откривајќи го оној, речиси,  бестијален и јанѕоносен немир што се крие во неговата душа, поставувајќи си го постојано прашањето: Создадов ли дело или ова се само бои распослани на платно, на хартија? Тој, можеби и самиот како уметник не е е свесен дека насликал дела кои ќе бидат високо вреднувани во тајната книга  на едно идно македонско и балканско време. Неговите слики на уверлив начин сами од себе зборуваат дека знаат да светат и кога сонцето се помрачува во ликовната татковина на уметникот.

Симболично и модерно е ликовното творештво на Драган Најденовски. Секоја негова слика е светлина и реална но и далеку поапстракна што зрачи и осветлува скриени ликовни простори од ова поднебје. Тие се прекрасни предели во замислената иреална “Ливада на музите“, бајковито насликани со филозофско-фантастичен набој со магичен и метафоричен ликоен израз силно и цврсто потпрени на имагинацијата на авторот.

Поетизам, лиризам, естетизам, складност на бои, се е збрано во овие слики од најновото ликовно творештво на Драган Најденовски презентирани на оваа ликовна изложба. И сето тоа зборува за неговите уметнички вредности, за неговиот ликовен стил и израз, автетичен и препознатлив.

 

 Биографија за уметникот                                                           

 ДРАГАН НАЈДЕНОВСКИ -САМОСТОЕН ЛИКОВЕН УМЕТНИК

 -АКТИВЕН ЧЛЕН НА ДЛУМ. И ФЛУБ -над 40 самостојни изложви, учесник на многу групни изложби и графички манифестации во Македонија и светот….на многу домашно и меѓународни ликовни колонии -добитник на вредни награди…..

2017 награда на град БИТОЛА-4 НОЕМВРИ ЗА УМЕТНОСТ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Младиот режисер Сергеј Сарчевски со совет до џифонци: Снимајте кратки приказни, секоја наредна ќе биде подобра

Основачот на фестивалот „Џифони експериенс“, Клаудио Губитози, денеска во 17 часот ќе ја раскаже својата …