(ВИДЕО) ТАЖНО – Самоубиство на млада ѕвезда:„Не можеше да се справи со тоа што тие момчиња и го направија“

Sвездата на документарецот на Нетфликс „Одри и Дејзи“, Дејзи Колман, починала денес на 23-годишна возраст. Странските медиуми наведуваат дека нејзината мајка Мелинда потврдила дека Дејзи си го одзела животот.

„Таа беше мојата најдобра пријателка и прекрасна ќерка. Само да можев да ја спасам од болката“, рекла Мелинда во соопштението за печатот.
Дејзи била силувана во 2012. година, кога имала само 14. години. Никој не одговарал за тоа кривично дело.
„Таа не можеше да се справи со она што тие момци го направија и тоа едноставно не е фер“, се наведува во соопштението.

Дејзи се појавува во документарецот на Нетфликс, кој ја следи неа и нејзиното семејство додека се обидуваат да се справат со грозоморниот настан. Филмот го следи и случајот на Одри Пот, која си го одзела животот десет дена откако била силувана.
Дејзи се обидела да се справи со нејзината траума, па дури и ја основала организацијата „Safe BAE“, која се занимава со поддршка на средношколци кои се жртви на силување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …