(ФОТО) Наскоро филм за ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА: Никој не се надевал дека оваа глумица ќе ја игра ГЛАВНАТА УЛОГА!

Принцезата Дајана слезе во историјата како повеќекратна икона и веројатно најпланетарно саканата членка на британското кралско семејство, досега.
Дајана никогаш не го напуштила просторот на популарната култура, а покрај низа документарни филмови и серии, неа ја глумеше Наоми Вотс во филмот од 2013. година што ги следеше последните две години од животот на Дајана, додека Ема Корин ќе ја игра во четвртата сезона на „Круна“.
Сепак, на почетокот на следната година, ќе започне снимањето на филмот, кој ќе реконструира три многу важни денови од нејзиниот живот, што се случија во текот на 1992. година – кога реши да го напушти кралскиот живот и да стави крај на бракот со принцот Чарлс.

Новиот биографски филм, насловен „Спенсер“, ќе го режира чилеанскиот режисер Пабло Лариан, кој го потпишува филмот „Џеки“ од 2016. година со Натали Портман како Џеки О. Кенеди.
Додека главната улога сега ја подарил на Кристен Стјуарт.
“Дајана е моќна икона за чиј живот милиони и милиони луѓе, не само жени, туку и мажи ширум светот чувствуваат емпатија. Одлучивме да се впуштиме во приказната за идентитетот и за тоа како жената донесува одлука дека не сака да биде кралица. Таа е жена која, преку патувањето во филмот, ја донесува таа одлука, сфаќајќи дека сака повторно да биде жената какоа што била пред да го запознае Чарлс“, изјавил Ларон за „Deadline “

Што се однесува до, донекаде, неочекуваниот избор на Кристен Стјуарт за насловната улога, Ларон вели дека пресудила нејзината актерска флексибилност: „Кристен може да биде многу нешта, таа може да биде многу мистериозна и многу нежна и во исто време многу силна, што е токму она што ни треба. Комбинацијата на овие елементи беше добитна. Начинот на кој реагираше на сценариото и како сму пристапи на ликот е исклучително убав чин за набљудување. Мислам дека ќе постигне нешто прекрасно и интригантно. Таа е сила на природата”, заклучил режисерот.
Vox populi (Гласот на народот) одлуката не ја примил со сосема отворено срце и покрај некои изрази на задоволство, многумина изразиле сомнеж дека Стјуарт е идеален избор за улогата на Лејди Ди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …