Мојата приказна, и мојата нова реалност: На 60 години РЕШИВ. Цврсто и ЖЕНСКИ да започнам сопствен бизнис

Интимна исповед на жена која после многу работни места, шефови, фирми, решила да зпочне со сопствен бизнис, па што ќе биде…

„Јас сум Светлна Грујовска, жена, сопруга, мајка, баба а најново жена претприемач. Затоа дозволете на кратко и јавно да ја раскажам мојата најнова приказна што стана реалност.

Тешко е, не знам дали ќе успеам, на само неколку години пред пензионирањето, дали ќе можам сето ова да го износам сама итн. се дел од многуте мисли и прашања што ме мачеа и мене како и секој еден кога ќе реши самостојно да одпочне сопствен бизнис.

СЕ РЕШИВ. Цврсто и ЖЕНСКИ, едноставно морав да пробам, решив да ризикувам и решив да се впуштам во бизнис како жена претприемач која што ќе го претвори во мал бизнис она што најдобро знае да го прави. Така се роди ЛОТОС, градска перална и пеглана со многу љубов.

Отсекогаш сум добивала комплименти за добро очувана и третирна облека и ткаенини, секогаш сум  посветувала посебно внимание на мојот гардеробер и гардероберите на моите најблиски. Па така решив грижата за облеката и ткаенините да ја претворам во мал бизнис, во едно мало градско катче каде што секој еден ќе може да дојде и да си приушти професионална и квалитетна услуга за пристојна цена.

Најпрво отидов и се преквалификував и професионално се стекнав со диплома за управување со професионални машини за перење и пеглање, одржување на облека и ткаенини. Потоа решив поголем дел од мојата финансикса заштеда да ја вложам во оплеменување на просторот и набавка на потребните машини со што полека но сигурно се роди ЛОТОС – градска перална во еден од најстарите градски делови на Скопје – Дебар Маало.

Но да се навратам погоре, прашањата што ве мачат на почетокот се и реално присутни Тешко е, не знам дали ќе успеам и слично, уште на самиот почеток со појавата на корона вирусот се вратија како тема на размислување. Но повторно СЕ РЕШИВ, со кратка пауза ја отворив пералната. После неолку дена првите муштерии, пофалбите и нивното задоволство мотив плус. Поддршката од фамилијата и пријателите секогаш добредојдена. Мојот помал син со своите вештини за маркетинг го даде својот придонес, поголемиот син е секогаш тука за добрата логистика и брзо делување. Поблиските членови на фамилијата секојдневно се со мене и со многу предлози знаат да придонесат за подобрување на услугите, пријателите на моите синови како што е Сузана можам да кажам дека постојано е достапна за креативен совет, но и како тест клиент која што со својот префинет вкус за стил, брза мисла и остро око не дозволува ни најмал дел од процесите на услугите во ЛОТОС да се најдат под врвот на совршеноста.

Како што кажав и на самиот почеток, годините не ги кријам. Имам 60 години, не се осеќам остарено ниту пак стара, најважно е дека имам желба и мотив. Имам желба да се врати времето кога секој еден одеше во градски моден салон, градска перална и пеглана, градска кафеана. Искрено се надевам дека ЛОТОС ќе прерасне во една успешна приказна, градска перална и пеглана преполна со луѓе и добар стил.

Нека оваа приказна биде мотив и поддршка за сите останати дека никогаш не е доцна да се впуштат во реализирање на своите желби и замисли. Под ова небо и сонце за секој еден има место.

Нека цветаат лотосите.“

Доколку сакате да се запознаете со ЛОТОС и мојата работа од поблиску, секогаш сте добредојдени во мојот сервис. Но дополнително можете да погледнете и на линковите од моите 

Facebook – https://www.facebook.com/LotosServis/?modal=admin_todo_tour

Instagram – https://www.instagram.com/lotos_laundry_ironing/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВО БОЛНИЦА ДОШОЛ ПОРАДИ СКРШЕНА РАКА! Му рекле дека му останале уште само 24 ЧАСА ЖИВОТ – Почната БОРБАТА за живот!

Младиот менаџер Џејмс Мекгил имал успешна кариера како еден од сениорите во Гугл кога ја …