Започна 60.„Охридско лето“: Оперските ѕвезди со маестрална изведба на „Ода на радоста“

Малку подоцна отколку што сме обично навикнати, синоќа започна овогодишното јубилејно издание на „Охридско лето“. Во духот на празнувањето на музичкото наследство и традицијата, првата вечер од Фестивалот беше посветена на самите почетоци, односно на премиерното издание и на оперската примадона Ана Липша – Тофовиќ, која во 1961 година ја започна магијата на фестивалот „Охридско лето“.

На отворањето настапија оперските ѕвезди Марија Јелиќ, Аманда Стојовиќ, Дарио ди Вјетри и Иван Томашев, придружени од Миливоје Вељиќ на пијано. Вечерта беше затворена со нивната изведба на „Ода на радоста“ – химната на Европа, од Лудвиг ван Бетовен, во чест на овој музички гениј, а по повод 250 години од неговото раѓање.

Фестивалот, како и секогаш,има впечатлива програма, а оваа година се празнува делото на Бетовен во рамки на големото отворање, со порака дека музиката е универзален јазик кој ги поврзува луѓето.

Во чест на Бетовен, во организација на Дојче Телеком, негова магента статуа патуваше низ Европа, од Бон, неговото родно место, преку Скопје, сѐ до Виена каде што ја компонирал  Деветтата симфонија. Статуата на Бетовен симболично ќе прошета и низ Охрид, а неговата музика ќеја збогати програмата на „Охридско лето“, кое со години наназад се одржува со поддршка на Македонски Телеком.

Поради непредвидливата ситуација која го погоди светот изминатите месеци, Фестивалот оваа година започна на 4 август, а ќе биде малку пократок од обично и ќе трае до последниот ден од месецот.

Под посебни услови и со одговорно придржување кон мерките за претпазливост, ова издание на „Охридско лето“ ќе биде малку поинакво, но веруваме дека сепак ќе создаде моменти и спомени кои ќе ја збогатат неговата традиција и ќе се прераскажуваат во наредните години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Автор на култни филмови – Во 74. година починал познатиот српски режисер Горан Паскаљевиќ

Прославениот српски и југословенски филмски и телевизиски режисер, Горан Паскаљевиќ починал на 74-годишна возраст. Ќе …