ДНЕВНА ДОЗА ЗДРАВЈЕ – 6. намирници кои е најдобро да ги јадете сирови за максимален здравствен бенефит!

Прочитајте која храна ја губи нивната хранлива вредност за време на термичката обработка…
Постои храна што најдобро се консумира сурова, затоа што за време на готвењето и пржењето може да ги загубат своите корисни својства за нашето здравје.

Вареното цвекло губи 25 проценти од фолатот (форма на витамин Б9), како и многу други витамини и минерали“, вели медицинската сестра од Њујорк, Ребека Парк.
Цвеклото обично содржи калциум, железо, протеини, калиум, како и многу растителни влакна и фолат. Затоа, најздраво е кога се консумира сурово.


Кељот содржи фитонутриенти познати како глукозинолати кои се претвораат во различни соединенија кога ќе дојдат во контакт со ензимот мирозинам. Топлината ја деактивира мирозиназата и ако готвите кељ, ова растение ги губи своите својства што го штитат организмот од разни заболувања. Ова беше потврдено со истражувањето на магазинот Frontiers and Nutrition пред четири години.


Црвената пиперка е одличен извор на витамин Ц. Таа е трипати побогата со овој есенцијален витамин од портокалите.
Но, исто така, топлината ја уништува црвената пиперка, па затоа експертите препорачуваат да ја консумирате сурово.


Боровинките се богати со антиоксиданти познати како флавоноиди. Најдобро е да ги консумирате сурови за да во организмот внесете колку што е можно повеќе. Покрај тоа, неколку студии откриле дека преработката на боровинки го намалува нивото на полифенол.

Црвениот кромид има многу здравствени придобивки, особено ако го јадеме суров. Готвењето на кромидот ги намалува придобивките на фитохемикалиите кои се ефикасни во борбата против ракот. Покрај тоа, кромидот го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
За време на загревањето во рерната или на огнот, кромидот ги губи своите својства што се корисни за срцето. Овие својства исчезнуваат во рок од половина час или помалку, што главно зависи од тоа дали кромидот е сецкан или цел.

Лук


И моќниот лук го намалува своето антибактериско дејство за време на готвењето, додека една минута во микробранова ја уништува неговата способност да се бори против карциномот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВО БОЛНИЦА ДОШОЛ ПОРАДИ СКРШЕНА РАКА! Му рекле дека му останале уште само 24 ЧАСА ЖИВОТ – Почната БОРБАТА за живот!

Младиот менаџер Џејмс Мекгил имал успешна кариера како еден од сениорите во Гугл кога ја …