(ВИДЕО) СТРАШНА СНИМКА ОД ВЕНЧАВКА ВО БЕЈРУТ: Невестата насмеана позирала,одеднаш се прекрил чад!

Необични снимки и фотографии постојано пристигнуваат од главниот град на Либан, по експлозијата што вчера се случи на пристаништето во Бејрут.
Во една од нив, исто така, гледаме како несреќата ја прекинала фотографијата на младите. Имено, во видеото се гледа како невестата се фотографира по свадбата. На нејзиното лице има широка насмевка, додека во позадина може да се слушне музиката.

Одеднаш се слуша страшен тресок, нејзиниот фустан и букет буквално летаат далеку, а камерата се врти и покажува чад и работи уништени од силната детонација.
Во видеото, тогаш ги гледаме невестата и младоженецот како бегаат по улицата покриена со чад и урнатините.
Да потсетиме, силна експлозија се случила вчера во пристаништето во Бејрут и иако сè уште не се знае што точно ја предизвикало, се сомнева дека причината е натриум нитрат, кој таму не се чувал безбедно.
Според најновите податоци, најмалку 100. луѓе загинале, а повеќе од 4.000 се повредени. Спасувачите ги пребаруваат урнатините во потрага по жртви и стравуваат дека тој број ќе се зголеми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЧЕСТИТКИ: Сара Климоска во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

Македонската актерка Сара Климоска вчера во Берлин ја прими наградата „Европски актер“ во подем за …