(ВИДЕО+ФОТО) МАКЕДОНИЈА ИМА ИДНИНА: Големи МЕЃУНАРОДНИ успеси на нашите музички претставници!

Со оглед на пандемијата со корона вирусот која не ја одмина ниту нашата земја, младите изведувачи од Македонија, своите настапи ги свртеа кон меѓународните настапи…
Во Европа па и светот без организирани голем број на он-лајн фестивали, натпревари, и…од секаде македонските претставници се вратија со награди, најчесто првите три места…

Запамтете ги имињата: Мина Блажев, Талиа Василова, Јана Мрческа,Емилија Смилевска, Драгана Јовановска, Ангел Јунтев, Андреа Томовска, Сара Гигова, Магдалена Алексовска
Тоа пак значи дека Македонија има иднина кога зборуваме за изведувачите, оние кои исполнуваат поп музика, но и фолк како „Танини“ на пример…
За Ана Костадиновска, нашата потврдена музичка „професорка“ (но и многу повеќе од тоа) ова лето сигурно ќе остане во одлично сеќавање бидејќи токму нејзините ученици ги освоија сите тие награди и признанија на он-лајн натпреварите.

Црна Гора – Dmoll online festival

Мина Блажев

Меѓународен фестивал во Украина

„Stars of the World” во Бугарија 

Танини знаат само за успеси…Нивниот последен успех беше во Бугарија на „Stars of the World” на онлајн натпревар… Талиа го освои првото место во нејзината старосна група со песната „Мојот дом“ од Калиопи.
Како групата „Танини“, за фолклор, го освоија првото место со песната „О, Јано, Јано…“

Меѓу оние на кои ќе се потпира успехот на македонската музика е и Магдалена Алексовска
Маги има 18 години а пее од свои 7 години. Оваа година го заврши своето школување во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, а од септември Маги својата едукација ќе ја продолжи во Њујорк на престижниот Вагнер Колеџ.
Таа има голем број настапи и освоени награди на многу домашни и странски натпревари и фестивали, некои од нив се Златно Славејче, Ѕвездички, Славјански Базар, Езерски Бисери, Рига Синфони, Американ Протеже 2017, и многу други. Таа е и прв претставник на Македонија во финалето на Купот на Европа 2020 за перформери. Добитник е на многу награди, но круна на нејзината досегашна кариера е наградата на светскиот натпревар Американ Протаже и настапот во престижната Карнеги Хол. Таа беше и наш претставник на Детска Евровизија 2015 во Софија со песната “Плетенка”.
Покрај пеењето и флејтатата нејзина голема страст е и глумата, особено мјузиклот. Маги има одиграно неколку претстави, но најзначајна за неа е улогата на госпоѓица Хениген во првиот Бродвејски мјузикл во Македонија, Ени јуниор.
Маги досега има испеано неколку оригинални песни кои биле наменети за помладата публика, децата и тинејџерите.
Песната „Збори ми” е нејзино првенче на македонската естрада, композиција на Кирил Бабамов и Весна Малинова Бабамов, текст на Весна Малинова Бабамов и аранжман на Кирил Бабамов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ- ШВАЛЕР ПО ГАЌИ БЕГАЛ ПРЕКУ ТЕРАСАТА! Лутиот маж прво се пресметал со сопругата а потоа сите ги оставил во ШОК!

По интернет кружи урнебесна снимка…Имено, уплашен љубовник бега преку терасата додека „зад петиците“ му е …