FRANCE FOOTBALL – Спектакуларниот трансфер на Роналдо пропаднал поради корона вирусот

Наводно, се било усмено договорено…
Асот на Јувентус, Кристијано Роналдо решил да го напушти Торино за ПСЖ, но сè пропаднало поради пандемијата на коронавирус. Португалецот добил понуда од францускиот шампион што ќе го направела најплатениот фудбалер на светот. Очигледно, сè беше договорено усно … Но, дури и’ богатите парижани по кризата со корона не можеле да ги исполнат своите ветувања, па Роналдо се предомислил и решил да остане во Торино.
Роналдо бил заинтригиран од идејата да игра во напад со Нејмар и Килијан Мбапе, бидејќи неговиот Јувентус игра блед фудбал, и покрај тоа што во низа го освои деветтото Скудето.
„Роналдо се чувствува како затвореник во Јувентус и не е среќен. Тој верува дека клубот не живее според своите амбиции и не е задоволен од тренерот Маурицио Сари, а заради сето ова постои желба да замине во Франција“, пишува Франс Фудбал.

Французите исто така изјавуваат дека Роналдо има одлична врска со Нејмар и дека го обожува Мбапе, и дека сакал со нив да го ормира најсмртоносно напаѓачко трио на светот. Сепак, сега е сигурно дека 35-годишниот напаѓач ќе остане во Јувентус барем уште една сезона …

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познат спортист на плажа разменувал жешки бакнежи со дечкото

Ѕвездата на НФЛ, спортистот Рајан Расел бил фотографирана со своето момче, танчерот Кори О’Брајан во …