ТРЕТ ОВАА ГОДИНА – Рударот од Танзанија повторно пронашол скапоцен камен вреден милиони евра

Рударот од Танзанија, кој во јуни преку ноќ стана милионер, откако продаде два скапоцени камења во вредност од 3,4 милиони долари, сега го пронајде и продаде третиот, исто така вреден милиони.
Рударот Санину Лаизер го пронашол третиот скапоцен камен од танзанит во северниот дел на Танзанија а тежок 6,3 кг. Лајзер го продал за два милиони евра и ќе се користи за правење накит.
Танзанитот е меѓу најретките драгоцени камења, а локален геолог предвидува дека ќе исчезне целосно за помалку од 20 години. Интересно е поради неговите различни бои, меѓу кои има и зелена, црвена, виолетова и сина боја. Вредноста се проценува според тоа колку е ретка, според нејзината боја и јасност.
Лајзер во јуни продал два скапоцени камења, едниот со тежина од 9,2, а другиот 5,8 кг. Тој е татко на повеќе од 30. деца, а откако заработил милионл, направил забава. Од новата заработка, тој планира да направи училиште и болница за својата заедница во округот Симањиро.
Тој порано рекол дека парите нема да го променат и дека ќе продолжи да се грижи за своите, дури, 2000. крави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …