Концерт на пијано на Ема Попивода – „Македонски ноктурна“, на платото пред ЦК„Марко Цепенков“

На 6 Август /четврток/ од 19.30 часот на платото пред ЦК„Марко Цепенков’ ќе се одржи концертот „Македонски ноктурна“ на кој ќе настапи пијанистката Ема Попивода. „Македонски ноктурна“ е на композиторот Димитире Бужаровски.

Концерт  – „Македонски ноктурна“, Ема Попивода, пијано 

Програма:

Димитрије Бужаровски

Ноктурна оп.49 и оп.52

(базирани на македонски народни теми)

хххх

Калеш Анѓо

Во влашкото маало

Сечи моме руси коси

Јовано, Јованке / Море сокол пие

Кажи ми Катинке

Деспина

Дафино вино црвено

Зајди зајди

Шеќерна/Трнушко/ Вечерајте

Не си го продавај Кољо чифлико

Дали паметиш Милице

Концертниот проект „Македонски ноктурна“ е концерт за пијано во кој се изведуваат 12 композиции од македонскиот автор Димитрије Бужаровски кои се базирани на македонски народни теми. Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката сепак е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката поради препознатливите теми од македонските народни песни: Зајди зајди, Дали паметиш Милице, Калеш Анѓа, Јовано Јованке, Не си го продавај Кољо чифликот, Деспина, Море сокол пие, Шеќерна, Во влашкото маало, Не се бели Маре мори, Трнушко, итн.
Тринаесетте Вечеринки (Ноктурна) од Димитрије Бужаровски се дело кое е изградено на познати македонски народни песни кои вообичаено во минатото се изведувале на седенки како дел од урбаниот фолклор. Во основа тие претставуваат варијации на народните песни кои се користени како своевиден кантус фирмус врз кој е изградена сложена виртуозна пијанистичка фактура. Во неа во духот на полистилистичкиот и полижанровскиот пристап кој Бужаровски го применува во своето творештво уште од средината на осумдесеттите години, доминира неоромантичарскиот пристап со јасни алузии на Шопеновиот и Листовиот пијанизам, но и неокласични, импресионистички и џез фактури, кои заедно придонесуваат кон посебноста и оригиналноста на финалниот резултат.

За овој концерт е снимено и промотивно видео за композицијата „Зајди зајди“ кое стана вистинска сензација на YouTube каналот како и на другите социјални мрежи. Концертот е изведувани во Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Будимпешта, Брисел, Гдањск, каде е високо оценет од тамошната музичка критика и за изведбата и за композициите.

“Зајди, зајди”

 

Биогарфија

Ема Попивода е пијанистка со богата интернационална кариера и вистински амбасадор на македонската култура во светот. Родена во музичка фамилија (нејзината мајка е исто така музичар), нејзиниот талент го забележуваат врвни музички имиња уште од најрана возраст. За време на своите студии, таа има привилегија да учи со реномирани пијано педагози, меѓу кои: Стела Слејанска, Акилес дел Вињ, Вилијам Хауард, Борис Романов, Арбо Валдма, Рита Кинка.

Во 2014 година, Попивода ги завршува докторските студии по пијано интерпретација на ФМУ СКопје, под менторство на проф. Стела Слејанска и проф. Димитрије Бужаровски. Интернационално активна, оваа млада пијанистка ги завршува и студиите на „Моцартеум академија“ во Салцбург, Австрија и „Дартингтон академија“ во Девон, Англија. Попивода се здобива со акредитација за предавање на британската програма за музика, откако ги завршува и IGSCE студиите на Универзитетот Кембриџ во В. Британија. Концертната кариера на Ема Попивода е богата и разноврсна. Нејзиниот репертоар вклучува изведби на дела од класичниот репертоар, но и дела од современи автори, македонски композитори и нови иновативни музички стилови во кои и самата се јавува како креатор и изведувач. Ема е основач и уметничи селектор на Фестивалот за современа музика Модоарс, во чии рамки настапувале врвни уметници од целиот свет. Попивода работи како професор по пијано на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Од нејзините мнгубројни настапи, се издвојуваат солистичките концерти во „Symphony Hall” во Токио, “Devonia Concert Hall” во Лондон, “MC Gallery” во Њујорк, “Art Base” во Брисел, “Teatro Marchello” во Рим, “Korossy Szalon” во Будимпешта, “Wiener Hall” во Салцбург, “Mirbach Palace” во Братислава, “Kentro musikis” Солун и бројни настапи низ земјите на Балканот. Повеќе пати настапува како солист со Македонската Филхармонија и како солист со филхармонијата од Канада “West Coast Symphony” под диригентство на маестро Бујар Липај. Попивода е дел од триото “Mezzo” со кои бележат настапи низ Европа. Како дел од камерни состави настапува и со ансамблот за современа музика „Кон Темпора“, со Бранко Павловски – кларинет, Јоргос Казикос – кларинет, Јарослав Вирзиковски – обоа, Асами Сате – пијано, Петрит Чеку – гитара, Милица Добај – сопран, Росалба Колосимо – сопран. Попивода настапила и како солист со Регионалниот орекстар од Кан и ДЈ Дерик Меј, изведба на музичка фузија од класична и електронска музика за ДЈ, пијано и оркестар, под диригенство на Џијан Емин, во “Acropolis arena” во Ница, Франција. Нејзиниот последен концертен проект „Акустик електорникс“ со нејзина авторска музика за пијано со придружба на етно тапан содржи преработка на најпознатите електронски хитови и достигнува голема популарност. Истиот е изведуван во Австрија, Црна Гора и Македонија, а за неговата промоција издаден е видео запис. Ема е добитник на бројни награди и признанија, како во својата земја, така и на интернационални натпревари. Во дует со пијанистката Татјана Џорлева, ја добиваат правата награда и златен медал на Интернационалниот натпревар во Барлета, Италија. Покрај бројните награди на републичките натпревари во Македонија, таа е победник и на натпреварите „Ф. Шопен“ и „Ј.С. Бах“ во Скопје, како и „Интерфест“ во Битола. Ема е член на светската лидерска мрежа “Global bridges”, каде е претставник на својата земја. Во 2011 година, таа го завршува напредниот тренинг за лидерство во Охрид и се здобива со сертификат за лидер во областа на културата и уметноста од НЕ Претседателот Ѓорѓе Иванов.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Автор на култни филмови – Во 74. година починал познатиот српски режисер Горан Паскаљевиќ

Прославениот српски и југословенски филмски и телевизиски режисер, Горан Паскаљевиќ починал на 74-годишна возраст. Ќе …