(ВИДЕО) Последниот концерт на Рајко Дујмиќ бил во карантин

Хрватскиот музичар Рајко Дујмиќ почина денес на 66-годишна возраст како последица на тешката сообраќајна несреќа што ја имал минатата среда. По тешката сообраќајка, тој се бореше за својот живот една недела, а денес ја загуби таа битка во единицата за интензивна нега во Сушак.
Рајко Дујмиќ беше фронтмен на групата „Нови фосили“, а последниот концерт што го одржа во мај годинава беше во карантин.
Имено, познатите музичари на југословенската поп-рок сцена, Рајко Дујмиќ, Ален Исламовиќ, Јурица Паџен и Владо Калембер, заедно со тапанарот Славко Пинтариќ Пишта, одржаа онлајн концерт наречен „Четири Асови“, свирејќи од нивните домови.

19-минутниот мини концерт започнал со хитот на Дујмиќ, кој е исто така еден од најголемите хитови на Новите фосили – „За добрите, старите времиња“, тие продолжиле во знакот на „Белото копче“ со песната „Ружица си била“, потоа „Калебер“ со „Ана“ песната по која ги препознаваа „Сребрените крилја“ и „Подигни ме високо“ на групата „Аеродром“. За крај, тие го иставиле синглот на Пинтариќ „Во синото небо над Загреб“ од подоцнежната фаза од работата на „Сребрени крилја“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ- ШВАЛЕР ПО ГАЌИ БЕГАЛ ПРЕКУ ТЕРАСАТА! Лутиот маж прво се пресметал со сопругата а потоа сите ги оставил во ШОК!

По интернет кружи урнебесна снимка…Имено, уплашен љубовник бега преку терасата додека „зад петиците“ му е …