(ВИДЕО) Зимска идила среде август: Во две земји паднал снег

Од две држави доаѓа необичен призор, дури и метеоролозите се изненадени, а фотографиите и видеата со овие сцени се споделуваат на социјалните мрежи.
Во Италија, во понеделникот вечерта паднал снег на планинскиот премин Стелвио.
Стелвио се наоѓа на северот на Италија, на границата со Швајцарија, на надморска височина од околу 2.757 метри.

Видеото покажува голема количина снег, скоро како во текот на зимската сезона.
Исто така, снег паднал и на швајцарскиот врв на Вајсфјулох, а температурите се под нулата.
Овој планински врв, висок 2.693 метри, познат е и по неколку лаборатории на Институтот за истражување на снег и лавини.
На социјалните мрежи, се гледа снег со дебелина од околу 20 сантиметри може да се види на зградите, масите и столчињата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …