(ФОТО) Астронаутите слетале во океанот

Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои летаа до Меѓународната вселенска станица во Спејс Иксовата Драгон капсулата, слетаа во морето крај брегот на Флорида.
Харли и Бенкен слетале во капсулата што ја разделиле од Меѓународната вселенска станица вчера.Ова е прв американски лет со екипаж од домашно тло во последните девет години. Успешното слетување бил последниот клучен тест дали вселенското летало на милијардерот Илон Маск, основачот на компанијата „Спејс Икс“, може да ги испрати астронаутите во орбитата и назад.
Американската вселенска агенција (НАСА) и нејзиниот комерцијален партнер „Спејс Икс“, решија капсулата да слета што е можно подалеку од ураганот Исајас, кој се движи кон источниот брег на Флорида. Затоа Мексиканскиот Залив, односно западниот брег на таа сојузна држава, билизбран за слетување.
Последниот пат кога леталото „Аполо“ слета на овој начин, слета во Пацификот, откако пред 45 години се сретна Советскиот Сојуз во вселената.


Астронаутите пристигнале во вселенската станица кон крајот на мај. Нивното полетување во ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс Икс“ го означи почетокот на новата ера на вселенското патување, пишува Си-Ен-Ен.
НАСА одлучи повеќе да не поседува и управува со опрема за транспорт на екипажот во ниска орбита на Земјата, туку за купување на оваа услуга од комерцијални партнери.
Калифорниската компанија „Спејс Икс“ е првата што обезбедува вакви услуги, а повеќето од нивната технологија, вклучително и ракетата Falcon 9, можат да се користат повеќе пати. Тој пристап значително ги намали трошоците за патување во вселената, вели Џим Бреистенштајн, официјален претставник на НАСА.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) ЗАЈАКНЕТЕ ГО ОРГАНИЗМОТ – Напоиток кој го стимулира имунитетот кај децата и возрасните: За да се заштитите од грип и вируси ПИЈТЕ ГО ОВА СЕКОЈ ДЕН!

Зајакнете го вашето тело пред есента и инвазијата на нови вируси и грип… Ако телото …