Службеничка одбила да им го впише детето поради името: Рекла дека нема да успее во животот!

РОДИТЕЛИ од Велика Британија поднеле жалба откако одбиле да им го запишат нивниот син по име Луцифер во Градското собрание.
На Дан и Манди Шелдон од Дербишир, наводно им било кажано дека нивниот син „нема да успее во животот“ ако неговото име е Луцифер, по што, тврдат, тие решиле да поднесат жалба.
Тие тврдат дека не се религиозни и дека го избрале името затоа што тоа значи „носител на светлината“, но се чини дека службеничката ова име го поврзала со сатаната.
“Бевме многу возбудени кога го запишавме. Жената не погледна со одвратност. Таа ни рече дека нема да може да најде работа и дека наставниците ќе одбијат да го поучуваат. Се обидов да и го објаснам значењето на тоа име, но таа не слушаше. Таа ни рече дека името е нелегално во Нов Зеланд и предложи да му дадеме друго име а Луцифер да го викаме по дома“, изјавил таткото Дан за „The Sun “.
Бидејќи немало законска пречка да му се даде тоа име на нивниот син, на крајот нивната жалба била прифатена и името на момчето сега е Луцифер.
„Бевме зачудени од однесувањето на таа службеничка. Таа на крајот го запиша, но против нејзината волја. Искрено мислевме дека е убаво име и уникатно. Не очекувавме дека таа ќе нè вознемирува за тоа“, заклучил Дан.
Илустрација: Youtube (сликата не го прикажува детето од статијата)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …