НА ОВА НИКОЈ НЕ СЕ НАДЕВАЛ: Дејвид Шимер ја открил вистината за продолжување на серијата „Пријатели“!После овие зборови многу фанови останале во шок!

Бројни обожаватели на серијата „Пријатели“ никогаш не се откажале од надежта дека нивните шест омилени ликови ќе се сретнат еднаш и ќе решат да снимат продолжение. Сепак, ситуацијата со коронавирусот отежнуваше сè, па токму затоа имаше голем број од оние кои беа разочарани затоа што се шпекулира дека продолжението е повторно одложено.
Во таа пригода, Дејвид Швимер, познат по улогата на Рос Гелар, проговорил и објаснил за што точно станува збор, а странските медиуми во моментов брујат за тоа.


“Се надеваме дека ќе го снимиме продолжението во август. Поточно, кон средината на август. Но, искрено, ќе го сториме тоа кога сè е безбедно заради моменталната состојба (со короната). Секогаш се надевавме дека продолжението ќе има жива публика, што ја прави целата работа покомплицирана. Во моментот, се разбира, нема да ризикуваме ничие здравје, работејќи на нови епизоди“, рекол тој, додавајќи дека со нетрпение очекува повторно да работи со Лиза, Метју, Мет, Џенифер и Кортни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Живеел во сиромаштија а денес на сопругата и исплаќа 15. милиони фунти – оштета

Иако се обиделе да ги демантираат медиумските извештаи за нивниот развод, љубовната врска помеѓу турската …