Вкусен колач со суво овошје

Состојки:
300 – 400 г суво овошје и јатки (на пример- суво грозје, суви сливи, суви кајсии, урми, брусници, смокви, ореви, лешници, бадеми…)
2 јајца
6 лажици кафеав шеќер
6 лажици брашно
1/2 лажичка прашок за печиво
Подготовка: сувото овошје исечете го на парчиња и измешајте со сечканите јатки.
Јајцата изматете ги со шеќерот а потоа додајте 2 лажици брашно со печиво. Сувото овошје и јатките измешајте ги со останатото брашно, за да не спаднат на дното на тавата додека се пече, па додајте во смесата со јајца.
Калап за печење покријте со хартија или намачкајте со масло и наросете со брашно. Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 45. минути.
Изладениот колач префрлете го на чинија за служење и нанесете шеќер во прав.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …