(ФОТО) ТРЕТА СРЕЌА: Шон Пен се оженил за 31. година помлада глумица

Последните денови пред свадбата ги поминале во Малибу, во друштво на синот на Шон, Хопер. Пен има две возрасни деца од бракот со актерката Робин Рајт, а тој исто така бил оженет и со Мадона.
Добитникот на Оскар Шон Пен (59) наскоро ќе го прослави својот 60-ти роденден, но бидејќи никогаш не е доцна за љубов, актерот решил да ја испроба својата со уште еден брак.


Американските медиуми пренесуваат дека Пен се оженил со Леила Џорџ, 28-годишна актерка со која е во врска повеќе години, а обожавателите би можеле да пронајдат и детали за мистериозната церемонија на социјалните мрежи.


Ирена Медавој, сопруга на филмскиот продуцент Мајк Медавој, му честитала на парот на Инстаграм и со тоа ги „издала“.
„Пресреќни сме што Лејла Џорџ и Шон Пен се венчаа. Ве сакаме“, му порачала таа на парот и објавила видео со кое се прикажани прстените.

Последните денови пред свадбата ги поминале во Малибу, во друштво на синот на Шон, Хопер. Пен има две возрасни деца од бракот со актерката Робин Рајт, а тој исто така бил оженет и со Мадона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) КОВИД -19: 13. МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЈА ПОБЕДИЛА КОРОНА: Во Бразил 22. илјади новозаболени за 24. часа, со вирусот се избориле 13. милиони пациенти!

Во светот од почетокот на пандемијата „Ковид 19“ се заразени повеќе од 20. милиони луѓе, …