(ФОТО) Адел е непрепознатлива на новата фотка, а фановите се воодушевени со нејзината линија и фризура

АДЕЛ продолжува да го покажува своето неодамнешно слабеење на Инстаграм во објавата посветена на колешката Бијонсе и нејзиниот последен визуелен албум Black is King.
„Ти благодарам кралице што секогаш нè правиш да се чувствуваме сакани преку твојата уметност“, напишала Адел веднаш до фотографијата за која добила повеќе од 3. милиони лајкови за помалку од 12. часа, а многу нејзини обожаватели ја поканиле да соработуваат заедно.

„И ти си кралица“, „Изгледаш фантастично“, напишале нејзините фанови, а многумина биле полни со пофалби и за нејзината нова фризура. Бројни обожаватели на 32-годишната пејачка исто така и кажале дека изгледа непрепознатливо. Таа во последните 4. години изгуби скоро 50. килограми, а нејзината трансформација веќе некое време е тема на социјалните медиуми.


Пред неколку месеци, нејзиниот поранешен личен тренер ја бранеше пишувајќи дека Адел не ослабнала за да ги натера другите да се чувствуваат подобро, туку се подобрила еисклучиво заради себе и семејството.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОБЈАВИЛЕ СРЕЌНИ ВЕСТИ: Актерскиот пар од серијата „Игри на тронови“ чека бебе

Актерката Розли Лесли и нејзиниот сопруг, актерот и продуцент Кит Харингтон, кои се прославија со …