СЕРИЈА А – Прекината серијата на Меси: Европа добила нова „Златна копачка“

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле е официјално најдобриот стрелец во Европа, односно добитник „Златна копачка 2020“, бидејќи Кристијано Роналдо не е во конкуренција за саботниот натпревар помеѓу Јувентус и Рома.
Роналдо е единствениот играч кој теоретски можеше да го престигне Имобиле на списокот на стрелци, со оглед дека тој постигна четири гола помалку од напаѓачот на ацио, кој постигна 35. голови оваа сезона. Но, Маурицио Сари реши да го одмори Роналдо во последниот натпревар во Серија А против Рома, пренесува Football Italia.
Ова значи дека Имобиле ја заврши сезоната како најдобар стрелец во Европа со 35. погодоци, пред Роберт Левандовски од Баерн кој постигна 34.
Тој е трет Италијанец кој ја освои титулата, по Франческо Тоти во сезоната 2006/07 со 26. и Лука Тони кој ја освои титулата со 31. погодок претходната година.
Лионел Меси од Барселона ја освојуваше Златната копачка во последните три години, а неговиот соиграч Луис Суарез во сезоната 2015/16.
Имобиле, исто така, може да го сруши рекордот во Серија А во головите постигнати во една сезона, бидејќи му недостасува еден погодок за да стигне до Гонзало Игуаин кој во 2016, година постигна 36 голови додека играше за Наполи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ферстапен „го скрши“ Мерцедес на Силверстон!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен триумфираше на Големата награда на 70-годишнината од Формула 1, …