ПОЕТСКА ИНИЦИЈАТИВА – „Сплоти се Македонијо!“ – Онлајн поетска манифестација!

Емисијата “Лица и дела” – Тв Сонце, во соработка со истакнати поети од Македонија и дијаспората, организира online Интернационална поетска манифестација – “Сплоти се Македонијо!” во чест на големиот презник 2-ри Август!

Учество можат да земат сите љубители на пишаниот збор кои без разлика на возраста и професијата своите чувства успешно ги преточуваат во поезија.
Учесниците можат да ги испратат своите творби на следниот e-mail: simemladenovski@gmail.com од 02.08. до 12.08.2020г., а истите ќе бидат објавени на фан страната на “Лица и дела”.
По истекот на рокот и разгледувањето на испратените поетски творби, дополнително ќе бидат истакнати најдобрите десет од кои првите три најдобри творби ќе бидат наградени со медиумска афирмација во емисијата “Лица и дела” – Тв Сонце и на други медиуми кои ќе бидат дополнително определени од страна на организаторите на манифестацијата, а ќе следат и многу изненадувања.

Медиумски покровители на манифестацијата:
“Екран”
“Лица и дела” – Тв Сонце, Македонија
Брич радио – Сиднеј, Австралија
Радио Преспа – Сиднеј, Австралија
Зона М радио – Скопје, Македонија
“Свети корени” – Сиднеј, Австралија
Македонско здружение “Македонија” – Сиетл, САД
Македонско здружение “Илинден” – Вашингтон, САД
Македонско здружение “Гоце Делчев” – Лозана, Швајцарија
Македонско здружение – “Никола Карев” – Ротердам, Холандија

Организатори и жири комисија на манифестацијата:
Бранко Николовски – текстописец;
Соња Манасиевска Конеска – поетеса;
Мери Тодорова Младеновска – м-р по македонистика со комуникологија; уредник и водител на “Лица и дела” – Тв Сонце;
Симе Младеновски – продуцент на “Лица и дела” – Тв Сонце;
Живко Поповски – Цветин – ликовен уметник;
Златко Тимковски – проф. д-р – Лос Анџелес, САД;
Симеон Георгиевски – Бричот – сопственик на Брич радио – Сиднеј, Австралија

“САМО СОНЦЕТО Е ПОСТАРО ОД МАКЕДОНИЈА!”
Од душа поетска нека се разлее,
Во стихот нека се запее!
“СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО!”
МАКЕДОНИЈО мајко, лулко дедова и прадедова!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Секој месец му давале враќи пари да изигрува ВОЛШЕБНИК а сега има ГОЛЕМ проблем!

На улиците на Крајчестер, еден од најголемите градови во Нов Зеланд, веќе подолго време можете …