(ФОТО) Баклава со кикирики

Потребно е:
за 12. лица
500 г. кори за баклава
900 г. нелупени кикирики
80 г. шеќер
250 г. путер
Шербет:
300 г. шеќер
200 г. мед
800 мл. вода
1 лимон
Подготовка: прво подгответе го шербетот, за да има време да се излади.Варете ги водата и шеќерот околу десет минути па додајте ги медот, сокот од лимон и варете уште 5 минути. Тргнете на страна и оставете да се излади.
Корите исечете ги со големина 35х20 см (за калап 35х20 см).
Путерот истопете го, кикириките исчистете ги, испечете, малку, изладете, сомелете и измешајте со шеќерот.
Калапот намачкајте го со путер. Ставете ја првата кора, добро намачкајте со путер, покријте со втора, намачкајте со путер, покријте со трета, така по ред да дојдете до петтата. И’ неа намачкајте ја со путер, ставете ја шестата и нафрлете кикирики со шеќер, покријте со кора. Повторно наредете шест кори и
нанесете од филот. Потрошете ги сите состојки но да завршите со кори.
Најдобро е корите да ги изброите и поделете на по пет или шест кори (во зависност од бројот.Завршете со путер и исечете на правоаголници.
Печете во рерна загреана на 150 степени, околу 60 минути додека не добие убава црвено-златна боја.
Врелата баклава полијте ја со шербетот. Баклавата оставете ја да се излади па послужете.
Совет: За дополнителна арома во шербетот додајте ванила или малку ружина водичка.
Плус: половина кикирики можете да исечкате да биде поинтересно, доколку сакате сечкани плодови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бојата на вашето лице открива дали имате здравствени проблеми

Изгледот на кожата лесно може да открие одредени здравствени проблеми. Бледило, осипот или акните понекогаш …