ПРИСТИГНУВА ОПАСЕН ЖЕЖОК БРАН – ПЛАНЕТАТА ВО ЦРВЕНО: Во Америка смртоносни температури од 50. степени, во Европа пеколно, а најлошото допрва се очекува!

Топлотниот бран зафати многу земји низ целиот свет.
Предупредување поради опасен топол бран е на сила во САД овој викенд, особено во југозападните области каде се очекуваат температури до 50. степени Целзиусови, соопшти Националната метеоролошка служба.
Особено тешка состојба се очекува во Јужна Калифорнија.
Температури од 49. Целзиусови степени се очекуваат во делови од Јута, Аризона, Невада, вклучително и Лас Вегас.

Националната метеоролошка служба апелираше до населението да преземе мерки на претпазливост и да го намали нивниот престој на отворено колку што е можно.
Температурата од 46. степени е измерена во Феникс, Аризона, а рекордот е срушен во четири други градови во Калифорнија.
„Многу ретки, опасни и смртоносни температури се очекуваат во големи области на Аризона до понеделник“, соопшти Националната метеоролошка служба.

Пекол и во Европа
Црвен метеоролошки аларм е на сила денес во Италија за 14. градови како предупредување за екстремно високи температури, а се очекува рекордни 45. степени во Сардинија.
Денес црвениот метеоролошки аларм опфаќа четири италијански градови повеќе од вчера. Поради високите температури, се стравува од пожари, особено во Сицилија.


Во делови на Шпанија, забележани се рекордни температури за време на топлотниот бран што ја зафати таа земја, додека во Велика Британија најтопол ден во земјата е забележан оваа година.
Во Сан Себастијан на северниот шпански брег, денес се забележани 42 .степени Целзиусови, што е највисока температура откако се запишани податоците од 1955. година. Локален рекорд од 40,6 степени е регистриран денес во градот Палма на островот Мајорка. Шпанскиот метеоролошки институт „Амет“ објави дека тропските ноќи, кога температурата не паѓа под 20 степени, биле чести во Шпанија во текот на јули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком  и A1

Младиот Слободан Попоски кој веќе 10 години се бори со остеодарком со третмани на онкохипертермија …