Меси ја напушта Барселона во бизнис од 260. милиони евра!

Лионел Меси, официјално најдобриот фудбалер на светот, ова лето би можел да ја напушти Барселона.
И покрај тоа што челниците на Интер негираат дека Меси е нивна цел, италијанските и шпанските медиуми пишуваат дека „нероазурите“ ќе одат по Аргентинецот.
Клубот од „Ѓуземе Меаца“ му спремил на Меси плата од 50. милиони годишно, онолку колку што има во Барселона, каде е незадоволен од одредени работи.


Носителот на рекордот со шест Златни топки е фрустриран од управувањето со Барселона и постојаните промени на тренерите.
Меси со години е „тивко страдање“ на Интер, а човекот за врска е негов пријател и сонародник Хавиер Занети, кој подготвува четиригодишен договор за него, кој со бонуси достигнува вкупно 260 милиони евра.
Над целиот проект се богати сопственици на Интер од Кина.
А Меси сигурно има опција да се повлече од договорот на Барселона кога сака.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РК Бор од Србија е новиот предизвик за Јована Софковска

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и Лихнид, Јована Софковска, кариерата ја продолжува во Србија, откако …