Клиника за нефрологија: За три години изведени се 55 трансплантации на бубрези, 10 се од починат дарител

Од Клиниката за нефрологија информираат дека во последните три години (период 2017-2020), направени се вкупно 55 трансплантации на бубрези. Од вкупниот број, од починат дарител се изведени 10 трансплантации, со што 10 пациенти добиле бубрег.
– Во 2020 година, пред почнувањето на ковид пандемијата беа изведени четири трансплантации од жив дарител. Во месец мај 2020 год, во екот на пандемијата беше изведена првата кадаверична трансплантација од која органи добија двајца пациенти (кај еден пациент трансплантираниот бубрег не беше прифатен). Во текот на вчерашниот и денешниот ден тимовите од Клиниките за нефрологија и урологија изведоа две кадаверични трансплантации – двајца пациенти добиваат бубрег. На пациентите им посакуваме успешен тек во процесот на опоравување, порачуваат од Клиниката.
Со трансплантацијата на бубрези, пациентите повеќе не одат на дијализа и квалитетот на живот значително им се подобрува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком  и A1

Младиот Слободан Попоски кој веќе 10 години се бори со остеодарком со третмани на онкохипертермија …