И РЕКЛЕ ДЕКА НЕМА ДА ЗАБРЕМЕНИ: После 11. спонтани се случило чудо!

КИМ Пеца (37) со години се борела да остане бремена.
Откако ја родила ќерката Клои пред 13. години, мислела дека никогаш повеќе нема да може да има деца. Лекарите и дијагностицирале полицистичен јајник. Кога ја изгубила сета надеж, после 12. години се случило вистинско чудо.
Откако Ким се породила и ја родила убавата ќерка Клои, таа одлучила да има уште едно дете. На редовните прегледи по породувањето, лекарите имале лоши вести за неа, го откриле нејзиниот полицистичен јајник, пишува Mirror.
Во моментот кога докторите и рекле дека повеќе нема да може да ја носи бременоста до крај, Ким не престанала да верува во чуда. За цели 12. години, таа имала 11. спонтани абортуси. Таа земала силни лекови и верувала дека еден ден ќе роди брат или сестра на нејзината ќерка.
„Почнав да размислувам дека никогаш нема да се случи, ми беше многу тешко кога гледав бремени девојки околу мене. Не сум љубоморнљ, само ми беше жал што јас не можев.
Но, пробав, затоа што сакав да родам брат или сестра. Не сакав да се откажам, веќе се соочував со проблем и победив“, рекла Ким.

„Кога бев бремена со Оли, бев многу исплашена. Ги губев моите бебиња вкупно 11. пати и не можев да бидам посреќна. Секоја жена кога ќе открие дека е бремена, се радува, јас не можев. Страдав многу, секој пат кога ќе изгубив дете бев во депресија и секој пат кога се надевав дека се ќе биде добро. Во еден момент, се прашував колку долго ќе можам“, вели среќната мајка.
„Имав контракции на 25. април, потоа отидов во болница, а тие ме чуваа.Цели три дена бебето не сакаше да излезе. При прегледот, лекарите откриле дека пулсот на бебето расте, а потоа почнаа да ме породуваат.За време на раѓањето, изгубив два и пол литри крв, бев во многу тешка состојба, но, исто така, успеав и тоа да го издржам“, го опишува Ким најлошиот ден во нејзиниот живот.
„Се восхитувам на Ким, таа успеа да ја износи бременоста и на крај беше весела. Таа навистина го заслужи ова, и драго ми е што конечно ја видов среќна. Сега нашето семејство е токму она што го сакавме“, изјавил сопругот на Ким, Микел.
„Само сакам да им кажам на сите жени кои се во иста ситуација во која бев, никогаш да не се откажуваат, соништата се остваруваат“, рекла Ким, пишува Mirror.

Фото: Фејсбук

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починала Исидора Бијелица: Книжевничката имала 52. години!

Денес, на 52. годишна возраст,починала Исидора Бјелица. Бјелица починала во станот на нејзините родители во …