ИСПОВЕД И СОВЕТ ОД САШО СЕРАФИМОВСКИ КОЈ ГО ПОБЕДИ КОВИД-19:„Секој што ќе почувствува барем некаков симптом, веднаш да реагира кај матичен лекар!“

Венко Филипче на својот профил на Фејсбук објави куса сторија за Сашо Серафимовски, 57. годишен тетовчанец кој го победил корона вирусот:

-Педесет и седумгодишниот Сашо Серафимовски го победи ковид-19. Тој првично ги игнорирал симптомите и како што вели првпат во животот морал да помине две недели во болнички кревет поради овој непредвидлив вирус. Сашо целиот живот се занимавал со скијање и досега немал никаков здравствен проблем. Неговиот совет е секој што ќе почувствува барем некаков симптом, веднаш да реагира кај матичниот лекар…
„Во болница увидов дека секој организам различно се бори и тоа е најголемата битка за секој поединец. Кај мене тоа беше интензивно кашлање, едвај дишев. Првите два дена немав потреба од кислород. Сатурацијата во крвта ми беше 94-97, сè што е над 93 е добро. Но третиот ден сатурацијата ми падна на 85 и итно реакцијата на докторите беше да ми дадат кислодорна поддршка, со тоа што по потреба ја користев, некои ја користеја цело време многу, така што помина период 3-4 дена. Дури по првите седум дена во болница ми беше подобро, откако добив кислород, антибиотици и витамини. Најголема пофалба изразувам до комплетниот персонал во ГОБ ‘8 Септември’, благодарен сум комплетно што сторија за мене и за многу други пациенти околу мене. Таква пожртвуваност од сестри и доктори во тешки услови досега немам видено. Послаби симптоми се појавија и кај сопругата Маре. Таа беше под контрола на младите матични доктори Горан Манојлоски, Илчо Ефкоски од Тетово, како и во консулатации со пулмологот Трајче Нешковски и д-р Владимир Аврамовски. Сите тие лекари постојано ја следеа нејзината состојба со редовна комуникација по телефон. Голем совет до сите е секој што ќе почувствува барем некаков симптом, веднаш да реагира кај матичен лекар“, потенцира Сашо Серафимовски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком  и A1

Младиот Слободан Попоски кој веќе 10 години се бори со остеодарком со третмани на онкохипертермија …