(ВИДЕО) Ѕвездата на серијата „Breaking bad“ има коронавирус: „Носете ги проклетите маски“

Ѕвездата на една од најпопуларните серии на денешницата, „Breaking Bad“, Брајан Кранстон открил дека е заразен со коронавирус и споделил дека донирал крвна плазма во видео објава што го објавил на својот профил на Инстаграм.
Актерот ги повика своите придружници да „ги носат проклетите маски“ и да се придржуваат кон мерките за социјална дистанца.
„Сакав да ви кажам дека сум има ковид 19“, вели тој во видеото, додавајќи дека има многу благи симптоми.

Брајан им објаснил на фановите како изгледа процесот на донирање на плазма, додавајќи дека гледал стари филмови додека се спроведувала постапката.
Актерот кој го глумеше ликот на Волтер Вајт во популарната серија, го завршува своето видео обраќање апелирајќи им на фановите да донираат плазма и ја истакнал важноста на миење на рацете, социјално растојание и носење маска.
„Имав среќа, над 150.000 Американци починаа заради ова“, рече Кранстон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УШТЕ 30. СЕМЕЈСТВА ВО ЖАЛОСТ – Во Македонија денеска се регистрирани 1160 нови случаи на Ковид 19: Починати се 30 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани …