(ВИДЕО) БИВШИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО ПЕНТАГОН ТВРДАТ:„Најдовме остатоци од летала кои не се од Земјата!“

ПЕНТАГОН има тајна единица за истражување на НЛО и наскоро ќе треба да го објави она што го откриле во нивното истражување.
Иако Пентагон тврдеше дека ја распуштил својата тајна програма за идентификација на НЛО уште во 2012. година, се чини дека програмата е само преместена и преименувана.
Она што е особено интересно е дека барем дел од нивните откритија ќе треба да бидат објавени 180. дена по донесувањето на законот за разузнавање.
И додека некои вклучени во програмата се надеваат дека ќе најдат докази за постоење туѓо вселенско летало со кое се шпекулира со децении, главниот фокус е сè уште на тоа дали станува збор за напредна технологија од ривалските воени сили.
Сепак, поранешниот директор на програмата за НЛО и поранешен службеник за воено разузнавање, Луис Елизандо, потврди дека тој и неколку други поранешни државни службеници и владини научници веруваат дека предмети од неидентификувани потекло навистина паднале на Земјата, и дека нивните остатоци биле земени за анализа.
Елизандо, кој поднел оставка во 2017 .година, по 10. години на чело на програмата за НЛО, смета дека програмата повеќе нема „да се крие во сенките“ и ќе „добие нова транспарентност“.
Да потсетиме, теории за НЛО, кои досега претежно паднаа во доменот на „алтернативни“ и псевдо-научни истражувања, добија нов моментум и внимание на јавноста кога Пентагон официјално објави неколку снимки од средбите на американските воени пилоти со НЛО.
Тие снимки беа објавени во 2017. и 2018. година од страна на американската компанија „To The Stars Academy of Arts & Science“, која ја основаше поранешниот член на рок-групата „Блинк-182“, Том ДеЛонг, инаку обожавател на т.н. теорија на заговор. Американската морнарица ја потврди нивната автентичност минатата година, но исто така потенцираше дека не знае точно какви објекти се тие. Еден поморски службеник во тоа време изјавил дека морнарицата не верувала дека станува збор за туѓо вселенско летало.

Важно е да се потенцира дека НЛО не мора да значи туѓо вселенско летало, туку едноставно вселенско летало чијашто природа и потекло не се идентификувани – како што сугерира нивното име.
Остатоците од вселенското летало не се од Земјата, не можевме сами да ги направиме
Поранешниот сенатор Хари Рид исто така рекол дека верува дека паѓањето на НЛО можеби е веќе забележано и дека остатоците од тие летала, доколку се собрани, ќе треба да се изучуваат.
„Откако го проучив ова, заклучив дека има извештаи – некои значајни, некои не – дека владата и приватниот сектор имаат вакви материјали“, додал Рид.
„Исклучително е важно да се објават информации за откривање физички материјали или пронајдени возила“, истакна поранешниот сенатор.

Ниту еден таков остаток од срушеното летало не се јавно презентирани за независна анализа, а за некои пронајдени метални фрагменти, лабораториската анализа потврдила дека тие се од човечко, а не вонземско потекло, односно на производство.
Покрај тоа, некои необјаснети средби со НЛО последователно добија објаснувања, а астрофизичарите истакнуваат дека дури и недостатокот на објаснувања не значи дека тие се нужно, па дури и веројатно, вонземјани.
Сепак, Ерик В. Дејвис, астрофизичар кој работел како подизведувач, а потоа и како консултант за програмата за НЛО на Пентагон од 2007. година, открил дека анализата на некои од пронајдените материјали не успеала да го открие нивниот извор.
„Не можевме да ги направиме сами“, заклучил Дејвис.

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така им се придружи на гласините за НЛО и вонземјаните, велејќи во интервју дека знаел некои „многу интересни“ работи за Росвел, град во Ново Мексико кој според т.н. ловци на НЛО е на прво место каде што се уриваат НЛО.
Сепак, на прашањето дали ќе ги објави тие информации, Трамп одговорил: „Ќе размисам за тоа“.

Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком  и A1

Младиот Слободан Попоски кој веќе 10 години се бори со остеодарком со третмани на онкохипертермија …