ДЛУМ „ЦТРЕЖ – ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ“ 2020

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р.С.Македонија и град Скопје , во рамките на манифестацијата Скопско културано лето, ќе ја постави изложбата „ЦРТЕЖ – ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат локал 306, во Скопје. 

Изложбата е традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ. Селекцијата на дела ја направија членовите на  Уметничкиот Совет на ДЛУМ, а осврт за изложбата даде Претседателот на Уметнички Совет Дијана Томиќ Радевска која што ќе истакне:

Цртежот е стар начин на изразување колку и самиот човечки род.

„Цртежот е стар начин на изразување колку и самиот човечки род. Првата повлечена црта беше знак за нов израз на преживеаните слики, беше крик. Понатаму низ историјата на уметноста  се развиваше како самостоен израз кој нудеше нови перспективи, нови сознанија. Убавината на една линеарна композиција, естетската едноставноста, но и комплексноста на линиите, на површините и јасното владеење на перспективите ја прави возбудлива техника со богати можности –  цртеж.

Оваа годишна изложба на ДЛУМ има за цел да ги зачува вредностите на оваа класична техника, провоцирајќи насоки кон експериментирање  и иновативност, охрабрувајќи ги уметниците да ги  исцртаат своите актуелни записи. Живееме во возбудливи времиња и темите се бескрајно широки. Начинот на кој секој од овие уметници се претставува го дава годинашниов пресек на нивниот континуиран интерес, но и одговор на “новата” реалност, постојаниот страв, новите вредности или пак анализа на стварноста. Селектирани се исклучително интересни решенија, запазувајќи ги аспектите на аналитичен цртеж или пак поедноставен цртеж во линија, низ третман на класична цртачка техника или пак комбинација на цртеж-плоха, цртеж-текст, слоевитост во цртежот или пак инвентивност низ цртачка структура.

Во време на колективна депримираност наша задача како здружение е да ја одржуваме сцената активна, да се обидеме да го одржиме интересот на уметникот да го каже својот став, тој, уметникот, да биде жив цртачки наратор. Можноста да се реагира и уметнички да  се артикулира актуелноста е и голема одговорност. Таа слобода на изразувањето на индивидуалноста, која ја почитуваме кај нашите колеги, со оваа изложба и ви ја претставуваме.

Можеби апстинираат од учество многу значајни имиња од македонската ликовна сцена, (нема да ја исклучиме комплексната ситуација со Covid 19), се појавуваат нови имиња  (нови членови), полни со ентузијазам па така ќе констатираме дека имаме и “нова” естетска динамика“.

На изложбата учество земаат:  Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Стевановска, Ѓорѓи Динев, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Жани Гелевска Вељановска, Златко Глигоров, Ива Станковска, Јовица Мијалковиќ, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Нарциса Андреевска, Наташа Андонова, Пандора Апостолоска Саздовска, Сашо Саздовски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска,Филип Фидановски.

На изложбата се доделува една награда од ДЛУМ за најдобар цртеж.

Изложбата ќе биде поставена на 05.08.2020 година и ќе трае до 15.08. 2020 година. Изложбата поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на Галеријата односно од понеделник до сабота од 11 – 15 часот.

Адреса на Галеријата: ГТЦ 2 кат локал 306, Скопје

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во издание на „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ објавена книгата „Вовед во кинеската култура“

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Вовед  во кинеската …