ГО ПРОПУШТА СИЛВЕРСТОН – Серхио Перез е првиот возач на Формула 1 кој е заразен со корона вирус

Mексиканскиот возач на Формула 1, Серхио Перез е позитивен за коронавирусот, соопшти автомобилската организација на Твитер.
Перез ќе го помине следниот период во самоизолација и нема да учествува во трката за Големата награда на Велика Британија, што се одржува овој викенд на патеката Силверстон, во близина на селото со исто име во англиската област на Нортемптоншир, се наведува во соопштението.
Мексиканецот кој вози за екипата на Рејсинг Поинт е исто така првиот возач на Формула 1 кој е заразен со коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РК Бор од Србија е новиот предизвик за Јована Софковска

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и Лихнид, Јована Софковска, кариерата ја продолжува во Србија, откако …