Двајца пријатели направиле необичен пакт во 1992. година, дека ако некој од нив добие на американската лотарија Powerball, ќе ги поделат парите.
Поминаа 28. години и среќата му се насмевнала на Том. Дошло време да се исполни ветувањето. Џо бил запрепастен, добил повик а неговиот пријател рекол „22. милиони долари“, тоа е сумата што ја освоил на лотаријата и која, секако, ќе ја дели.
Следело славното сликање со огромниот чек, а на него било напишано 22. милиони.
Директорката на лотаријата им честитала на победниците што го дочекале својот „среќен ден“ и изјавила дека е пресреќна заради нив.
Ракаувањето во 1992. година се исплатело, а пријателството очигледно останало трајно.
Сепак нема секој да добие по 11. милиони долари бидејќи пријателите решиле да ја прифатат опцијата за готовина, која е околу 16,7 милиони долари, а откако ќе ги платат федералните и државните даноци, секој од нив ќе добие по 5,7 милиони.
Џо е во пензија, а сега Том ќе му се придружи. Тие планираат убаво да ги поминат семејните денови во пензија, а за тоа, оваа сума сигурно ќе им биде доволна.
Победничкиот тикет чинел 2. долари.