Фановите на Крис Хемсворт биле воодушевени од младешкиот изглед на неговата мајка Леони Хемсворт. 60-годишната жена позирала со синот и снаата Елса Патаки на денот на мајките, а многумина забележале дека изгледа како да му е сестра.
„Вашата сопруга и мајка ми изгледаат како да се врснички“, „Дали е таа вештерка“, „Дали е тоа мајка ти?
Не е прв пат Леони да импресионира на Интернет, а покрај добрите гени, својот изглед го должи на здравата исхрана.
Имено, во интервју за „Body and Soul“, нејзината снаа Елса открила дека практикува повремено постење.
„Првата личност што ја познавам која строго се придржуваше кон тој режим е мајка му на Крис. Изгледа неверојатно. Таа има 60 години, а од година во година се чини помлада и помлада. Таа започна да пости еднаш неделно, а потоа се одлучи за секојдневен режим на пост од 15 до 16 часови (вклучувајќи го и спиењето)“, рекла Елса.
Студијата објавена во New England Journal открила дека повремениот пост помага во забавување на стареењето, но исто така го намалува ризикот од болести како што се карцином, срцеви заболувања и дијабетес.