Тешката животна приказна на мотоциклистата во слободен стил Кристина Витолкас никого не оставила рамнодушен, особено лекарите кои предвидувале дека таа веројатно нема никогаш да застане на нозете по скршеницата на ‘рбетот.
Иако и било кажано дека никогаш повеќе нема да оди по ужасната несреќа што ја оставила парализирана, таа, ниту помалку ниут повеќе, се вратила во мотоциклот!
“Беше одлично да се слушне звукот на моторот и да се почувствува воздухот на лицето и косата. Адреналинот е неверојатен. И тоа е многу побрзо од мојата инвалидска количка. Постојано ги прашував лекарите за пациентите кои најбрзо се опоравуваат и заклучив дека ги победив”, вели Кристина која со свршеникот кој седел зад неа на мотор, стапнала на педалот за гас..
„Откако ќе ја преминете линијата на страв и ќе скокнете, инстинктивно чувствувате задоволство. Зошто би се откажалеод тоа?“, прашала Кристина, чијшто ‘рбетен мозок бил прекинат пред три месеци.
Возењето се претворило во катастрофа
Ужасната несреќа се случила затоа што Кристина направила грешка во скокот, што претходно го извршила совршено илјада пати. Свршеникот можел само да го следи хоророт, кога грбот и се преполовил и ја изгубила свеста. Таа била пренесена во болница со сериозни повреди.
Кога и било кажано дека никогаш повеќе нема да оди, таа брзо се соочила со новиот начин на живот.
„За жал, работите нема да бидат исти за мене повеќе. Учам како да користам инвалидска количка и да се навикнам на новиот начин на живот“, ги известила своите фанови преку социјалните медиуми во тоа време.