(ВИДЕО) 13. милиони прегледи: Мајка ја снимала реакцијата за бременоста на 17. годишната ќерка и станала хит!

Никол Хенеси, е мајка на три деца од САД, која неодамна отиде вирално на TikTok, откако го сподели начинот на кој реагирала на бременоста на нејзината ќерка тинејџерка.
Видеото го погледнале повеќе од 13. милиони луѓе за помалку од една недела, а многу коментатори, вклучително и голем број лекари, биле полни со пофалби за начинот на кој се справува со ситуацијата. Во друг клип, Никол објаснила како ја замолила ќерка си за да ги објави тие снимки и дека се надева дека ќе ја подигне свеста за темата.

@nicolehennessy2By popular demand story time ##teenmom ##storytime ##reaction ##fyp


♬ I am at ur moms house – elizabeth_chetwynd


Нејзината снимка им помогнала и на другите тинејџери во слична ситуација. Во интервју за BuzzFeed, Никол открила дека снимките се однесуваат на нејзината 17-годишна ќерка Анџелина. Таа вели дека и било јасно дека тестот е на Анџелина веднаш штом го пронашла пакувањето на тестот за бременост. „И требам на Анџелина па немој да реагираш“, вели мајката дека тоа е нејзина прва реакција.

Таа вели дека веднаш ја прашала дали има потреба од прегратка и цврсто ја гушнала и и’ рекла дека се ќе биде добро. Откако ќе се потврди бременоста на Анџелина, Никол вели дека разговарала со своите пријатели и нивните родители и многу плачела. „Бев исплашена и тажна, но ако се чувствував така, замислете како и беше неа! Не беше важно како јас се чувствував, мојата ќерка имаше потреба во тој момент да бидам нејзина личност“.

Потоа, Никол седнала со Анџелина за да и помогне да донесе информирана одлука. “Нашиот живот е како наша лична приказна. Нејзиното следно поглавје не треба да зависи од мене. Моја работа е да ја едуцирам и да и ги кажам фактите за да може да размисли за себе”, рекла Никол. „Реков дека ќе ја поддржам секоја одлука што ќе донесе и дека жалам што нејзината прва одлука за возрасни е една од најтешките што таа ќе ја донесе“.

@nicolehennessy2Story time By request here is part 2 ##teenmom ##storytime ##reaction ##part2 ##fyp

♬ I am at ur moms house – elizabeth_chetwynd

“Нејзиниот татко и јас разговаравме за добрите и лошите страни на секоја опција. И реков да направи список за тоа што сака од животот и како нејзините избори би се вклопиле во тоа”, објаснува мајката, откривајќи како нејзината ќерка пронашла и професионалци кои би можеле да разговараат со неа за опциите. “И реков дека моето лично мислење не е важно затоа што тоа е нејзиниот живот, а не мојот. Јас исто така и објаснив дека луѓето ќе ја осудат секоја одлука што ја донесе, така што таа ги игнорираше сите и се слушаше себеси”.

Анџелина вели дека била шокирана кога открила дека е бремена. Таа вели дека не знаела каква е вистинската одлука за неа, но откако разговарала со нејзината мајка и размислувала долго време, одлучила дека сака да го задржи бебето. „Ако ја немав поддршката на мајка ми, знам дека оваа приказна ќе изгледаше многу поинаку и ќе бев многу поисплашена отколку што сум сега“, вели Анџелина.

Никол исто така објаснила дека Анџелина е високо образована за употреба на контрацепција. “Контрацепцијата не е сто проценти успешна. Многу работи можат да влијаат на тоа да не биде успешна, како што се лекови, болести и така натаму”, вели таа, додавајќи дека смета дека користењето на два начина на контрацепција е мудро.

“Не плашете се да разговарате со вашите деца. Не се срамете – само бидете искрени и разговарајте за фактите. Тинејџерите сакаат отворено да разговараат со нивните родители, затоа престанете да поставувате sидови. Контролирајте ги вашите емоции и градете доверба”, заклучува мајка чија ќерка би требало да се породи во септември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, доживеала земјотрес на прес конференција

Премиерката на Нов Зеланд воодушевила од нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 …