(ВИДЕО) Серијата која го предвидела Ковид-19 е снимена пред една година

Кога на северот на  Кина е откриен птичјиот грип, кој потекнува од гулаби, жителите на идиличниот остров во Северното Море не биле многу вознемирени. Сепак, еден ден на островот се појавила едрилица со мумифицирани тела на британска двојка.
Ова сценарио од серијата се чини дека е инспирирано од коронавирусот, сепак „Sløborn“ е снимен минатата година во германско-данска копродукција и сега се емитува на телевизијата ZDF, пренесува The Guardian.
Серијата го опишува животот на измислен остров, кој се претвора во хаос и уништување кога вирусот ќе го преземе. На островјаните им се советува да носат маски за лице и да вежбаат социјално дистанцирање. Се воведува карантин и присутни се бројни теории на заговор за потеклото на епидемијата.

Креаторите на серијата ја опишале како „пост-апокалиптичен трилер споен во современ еп“, а емитувањето требало да биде запрено, бидејќи челниците на ZDF изразиле загриженост за поврзаноста со тековните настани.
„Се прашувавме дали би можеле да ја замолиме публиката да го гледа сега“, рекол писателот и режисер Кристијан Алварт пред емитувањето.
Алварт, кој се консултирал со вирусолози и персонал за брза помош за да ја открие подготвеноста на Германија во случај на смртоносна пандемија, рекол дека бил инспириран од идејата дека катастрофите „претежно се случуваат на друго место“, и се прашувал како би било ако такво нешто се случи во близина.
„Бев воодушевен од тоа како постојано слушаме во медиумите за катастрофи во светот, но ние го продолживме животот нормално“, рече Алварт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком  и A1

Младиот Слободан Попоски кој веќе 10 години се бори со остеодарком со третмани на онкохипертермија …