(Рецепт) Нанесете ја оваа смеса на деколтето и гледајте како брчките исчезнуваат: За една недела видно затегната кожа!

Секоја жена треба да знае кои маски и помагаат и одговараат на нејзината кожа. Покрај козметичките третмани, најважни се оние во домашната средина…
Брчките на деколтето и вратот се многу чести. Нашето тело старее и кожата ја губи еластичноста. Не можеме целосно да ги отстраниме, но можеме да ги намалиме со помош на природни лекови кои ја враќаат еластичноста на кожата.
Постапката е многу едноставна, а се што ви треба е редовна примена на овие маски. Избегнувајте консумирање на масно и пржено месо, индустриски преработена храна и шеќер, затоа што акумулираните токсини значително го нарушуваат изгледот на кожата и здравјето на организмот како целина.
Покрај тоа, употребата на доволно вода и природни сокови се препорачува за хидратација.
Ние ви нудиме три многу специјални рецепти за отстранување на брчките на градите и вратот:


1. Маска од јајце, краставица и кокосово масло
Нанесувајте ја оваа маска еднаш неделно. Ова е доволно за да се види трансформацијата за кратко време. Ова се должи на различните хранливи материи на жолчката и неверојатните антиоксидантни својства на краставицата и кокосовото масло.
Состојки:
– 1 краставица
– 1 жолчка од јајца
– 1 лажичка масло од кокос
Подготовка: Земете мала краставица,излупете ја, ставете во блендер. Потоа измешајте ја заедно со жолчката и една лажица масло од кокос додека не добиете паста. Смесата нанесете ја на исчистената кожа на лицето, вратот, деколтето и рацете и оставете ја да отстои половина час. Исплакнете со ладна вода.
2. Маска од јогурт, пивски квасец пченични снегулки


Ова е навистина моќен рецепт кој може да го зголеми производството на колаген во кожата, да хидрира и да ги намали брчките.
Состојки:
– 100 гр обичен јогурт (без шеќер)
– 1 лажица пивски квасец
– 1 лажица пченични или овесни снегулки
Подготовка: Измешајте ги сите состојки и нанесете на чиста кожа на вратот и деколтето. После тоа, оставете ја смесата да делува 15-20 минути. Откако ќе помине времето, исплакнете со ладна вода. Повторувајте ја постапката три пати неделно.


3. Маска со банана
Го зголемува производството на колаген и еластичност на кожата, покрај тоа ги регенерира клетките на кожата.
Состојки:
– 1 лажица млеко
– 1 лажица масло
– 1 зрела банана
Подготовка: Измешајте ги состојките и нанесете на чиста кожа на вратот и деколтето, оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете со ладна вода. Повторувајте ја постапката три пати неделно.
Пред да ја нанесете, ставете мала количина на кожата и проверете дали имате алергиски реакции. Ако тоа не е случај, можете безбедно да ја користите маската. Нанесете мала количина на кокосово масло на влажна кожа секое утро после туширање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „Чупавац торта“: Непечен крем десерт со наједноставна подготовка!

Вкус кој ќе ве натера повторно и повторно да го правите овој феноменален колач Состојки: …